Еминентните православни теолози во светот немаат никаква дилема дека Вселенската патријаршија води исправен пат до признавање на автокефалност статус на Охридската Архиепископија, преку процесот на апелација што МПЦ-ОА го побара пред 4 години.
Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано (на Крит), Професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун, во текст ја анализира одлуката на Вселенската патријаршија како исправна, но и објаснува зошто се определува идната дијацеза на Охридската Архиепископија на територијата на денешната држава Македонија.
-Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија)“, и тоа затоа што Охридската Архиепископија во епохата на империите се имаше проширено и на териториите на денешните владенија на Бугарија, Србија и Грција, објаснува во текстот Митрополитот Аркалохори.
Во текстот тој точно го лоцира и правото по кое Вселенскиот патријарх може и треба да одобри автокефалност на црквата во Македонија, посочувакјќи ги искуствата со сите цркви на Балканот кои својата црковна власт ја добивале или губеле во зависност од тоа како се ширеле, или стеснувале државните граници. Тоа е случај и до Грција, Албанија, Бугарија, Србија, Романија, сега
-Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално-државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на автокефалната Црква ѝ доделувала црковна јурисдикција врз новите области, кои се додавале на државните граници, како што се случи со Јонските Острови во 1866 година и со Тесалија во 1882 година кај нас.
Доколку се создаде и признае една нова држава во црковната јурисдикција на една автокефална Црква што Вселенската Патријаршија со Томос ја создала, признала и доделила -говорам за Северна Македонија- тогаш територијата на новата држава се враќа во канонската јурисдикција на Вселенската Патријаршија. На Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, ѝ се враќа духовната и канонската одговорност за уредување на црковните работи во новата независна држава. Тоа важи и во случај кога една држава која има Томос за автокефалија, од која било причина престане да постои. И во тој случај, географското владение на државата се враќа на Мајката Црква, која ги има доделено тие области и ја создала конкретната автокефалија за таа држава, појаснува професорот на Аристотеловиот универзитет.
Следниот цекор вели тој е токму Томос за автокефалност. Тоа е процес за кој вели дека не се решава еднострано, туку е потребна согласност и од политичките власти во новата држава. Во случајот со Македонија тоа е веќе дефинирано прашање, бидејќи државните власти веќе неколку пати дадоа согласност и дури побараа од Вселенскиот патријарх издавање Томос за автокефалност. Митрополитот на Кртитската црква, констатира дека согласно договорот од Преспа, независната држава нема политички проблеми и дека практично се исполнети сите услови.
-Издавањето на Томос за создавање на национални автокефални Цркви претставува црковна работа и дело, но не се завршува еднострано. Се доделува со согласното мнение или содејство на највисоката политичка власт на секоја национална држава. Се подразбира дека, како што политичката власт на Србија не е овластена самоволно да интервенира во државните работи на Северна Македонија, од истата причина и Црквата на Србија нема канонски права, ниту црковна јурисдикција на територијата на таа меѓународно признаена нова држава, која е „најмалото дете“меѓу балканските држави, вели во анализата Митрополит на Аркалохори, Кастели и Вијано (на Крит), Професор на Аристотеловиот Универзитет во Солун.